ЕВЕ ЗОШТО РУБИО ГО НЕМА ВО ЛОНДОН Го налутила изјавата на Зеленски за Крим

Стејт департментот објасни дека Рубио на отпатувал поради „технички“ и „логистички“ конфликти во распоредот.

721

Американскиот државен секретар Марко Рубио ја откажал посетата на Лондон, каде денеска се одржуваат средби за постигање мир во Украина, поради изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Киев во ниту една мировна спогодба нема да признае дека Крим е руски.

Стејт департментот објасни дека Рубио на отпатувал поради „технички“ и „логистички“ конфликти во распоредот.






На средбата нема да учествува и Стив Виткоф, специјален пратеник на Трамп, кој води директни разговори со Кремљ. Американската делегација ќе ја предводи Кит Келог, специјален претставник на САД за Украина, кој се очекува да добие официјален одговор од Украина за мировниот предлог на САД што предвидува правно признавање на Крим како руски и Киев да се откаже од идејата за членство во НАТО. Останатите окупирани украински територии де факто би биле третирани како руски.

Зеленски пак, изјави дека Украина нема да се откаже од својата територијална целовитост. „Според нашиот Устав, Крим е дел од Украина “, рече тој. Делегацијата на Киев во Лондон ќе се фокусира на „безусловен прекин на огнот“.

Претседателот Доналд Трамп претходно предупреди дека САД може да се повлечат од преговорите ако нема напредок, но изрази надеж за брзо решение. Според него, „секој ден војна значи илјадници загубени животи“, и затоа Вашингтон бара итен прогрес кон постигање мир.

Поврзани содржини