РУБИО И ЛАВРОВ ГО ПОДГОТВУВААТ ТЕРЕНОТ ЗА САМИТОТ ТРАМП-ПУТИН Русија не се согласува со прекин на огнот

Лавров и Рубио разговарале за можни конкретни чекори за спроведување на идеите постигнати за време на телефонските разговори на 16 октомври меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп.

259

Русија соопшти дека нејзиниот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров и неговиот американски колега, државниот секретар, Марко Рубио, задолжени за подготовка на самитот меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп, имале „конструктивен“ разговор.

Лавров и Рубио разговарале за можни конкретни чекори за спроведување на идеите постигнати за време на телефонските разговори на 16 октомври меѓу рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти руското Министерство за надворешни работи по телефонскиот разговор меѓу двајцата први дипломати.






Русија денеска, исто така,соопшти дека нејзиниот став за војната во Украина „останува непроменет“, реагирајќи на најновиот повик на американскиот претседател Доналд Трамп за замрзнување на конфликтот по должината на постојните линии на фронтот.

Кремљ претходно ги отфрли повиците за прекин на огнот, тврдејќи дека Украина ќе ја искористи паузата во борбите за прегрупирање и повторно вооружување. Затоа Москва претпочита директни преговори за сеопфатен мировен договор, но под услов Украина да ѝ отстапи повеќе територија отколку што моментално контролира.

– Оваа тема беше покрената неколку пати, со различни нијанси, за време на руско-американските контакти, а руската страна секогаш даваше ист одговор, што е добро познато: ставот на Русија останува непроменет – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Кремљ соопшти дека Москва ќе се обиде да промовира мировни преговори кога рускиот и американскиот претседател ќе се сретнат во Будимпешта.

Поврзани содржини