РУБИО ЌЕ ПРИСУСТВУВА НА РУСКАТА ПАРАДА? Медиумите во Кремљ тврдат дека државниот секретар на САД ќе ја посети Москва, Вашингтон молчи

Потенцијалната посета државниот секретар на САД, Марко Рубио, предизвика зачуденост, особено бидејќи Рубио е гласен критичар на Русија и на Кина. Американските медиуми посочуваат дека неговото присуство би било сериозен преседан.

443

Руските медиуми, блиски до Кремљ, објавија дека државниот секретар на САД, Марко Рубио, ќе присуствува на воената парада во Москва на 9 мај, со што би станал првиот висок американски претставник што ќе се појави на овој настан во последните години.

Американскиот Стејт департмент ниту го потврди, ниту го демантираше ова тврдење, кое го објави порталот на ТВ Ѕвезда, близок до руското Министерство за одбрана.






Потенцијалната посета предизвика зачуденост, особено бидејќи Рубио е гласен критичар на Русија и на Кина. Американските медиуми посочуваат дека неговото присуство би било сериозен преседан.

ЕУ, пак, веќе предупреди на „сериозни последици“ за европски лидери кои би присуствувале на парадата.

Сепак, со оглед на тоа што ниеден друг медиум надвор од Русија не го потврди учеството – ниту, пак, Рубио, ни Трамп се произнесоа – веројатноста Рубио да биде присутен останува мала.

Поврзани содржини