РАМА ГИ ИЗБРИША СЛИКИТЕ СО СИНОТ НА СОРОС Нова препирка меѓу албанскиот премер и ривалот Бериша

Куклата на Џорџ Сорос ги отстранува сите фотографии со Алекс Сорос на Инстаграм! Сепак, кај Алекс тие продолжуваат да стојат, напиша Бериша под снимката на која е прикажано дека ги нема сликите со Сорос на профилот на Рама.

512

Лидерот на Демократската партија Сали Бериша во објава на социјалните мрежи напиша дека премиерот Еди Рама ги избришал сите фотографии со синот на познатиот милијардер Џорџ Сорос од социјалните мрежи.

„Куклата на Џорџ Сорос ги отстранува сите фотографии со Алекс Сорос на Инстаграм! Сепак, кај Алекс тие продолжуваат да стојат“, напиша Бериша под снимката на која е прикажано дека ги нема сликите со Сорос на профилот на Рама.






Американската администрација на Доналд Трамп ги обвини Џорџ Сорос и неговата фондација дека добивале огромни пари од УСАИД за разни сомнителни активности низ светот и во Америка.

Рама беше во центарот на вниманието деновиве откако удри со раката на маса и пцуеше на англиски јазик одговарајќи прашања на социјалните мрежи. Тој изјави дека нема да поднесе оставка по апсењето на градоначалникот на Тирана Ерион Велијај, кој е негов сопартиец.

– Можете да заборавите на мојата оставка. Тоа го бараат од кога влегов во политиката. Има само два начина да ме отстраните од политиката – или ќе ме отстрани срцето ако не чука доволно бргу за да ме разбуди наутро или народот на Албанија ќе ме отстрани – рече Рама.

🎥 ЕДИ РАМА ПЦУЕШЕ И УДИРАШЕ ПО МАСАТА Албанскиот премиер збесна среде интервју

 

 

Поврзани содржини