Рот: Цртањето нови граници на Западен Балкан е опасен пат

Треба да се работи на регионално помирување и соработка, а не на менување на границите, смета германскиот државен секретар за Европа.

277

Германскиот државен секретар за Европа, Михаел Рот денеска на Твитер напиша дека цртањето нови граници на Западен Балкан е опасен пат.

„Регионално помирување и соработка се клучни за мирот, демократијата и просперитетот. Цртањето нови граници е опасен пат“, напишта Рот.






Тој со твитот го поддржа официјалниот став на Европска Унија за Западен Балкан дека треба да се работи на регионално помирување и соработка, а не на менување на границите.

Рот исто така реагира на неофицијалниот документ (нон пејпер) на Јанез Јанша, премиер на Словенија, која е следна земја претседавач со ЕУ, за прекројување на границите на Западен Балкан.

Поврзани содржини