Рош Македонија предвремено го плати данокот на добивка 

386

Рош Македонија ДООЕЛ Скопје како општествено одговорна компанија одлучи да изврши плаќање на своите месечни обврски по основ на аконтативно плаќање на данокот на добивка за 2020 година во целост. Односно веднаш е исплатен вкупен износ од 1.648.782,00 денари, наместо вообичаената исплата преку месечни аконтативни износи.

– Со оваа одлука имаме за цел да придонесеме за зголемување на ликвидностa на државата во овој тежок период, имајќи предвид дека на државата би и биле од корист дополнителни ресурси за спречување на брзото ширење на вирусот, за заштита на здравјето на граѓаните и за минимизирање на неминовните штети врз економијата, соопшти Рош Македонија.

 

Поврзани содржини