РОНАЛДО ВО ЧЕЛСИ? Тренерот Тухел сѐ уште нема дадено зелено светло

Роналдо нема постигнато гол на четири натпревари во Премиер лигата оваа сезона со Манчестер јунајтед.

282

Жорге Мендеш, агентот на фудбалерот на Манчестер јунајтед, повторно стапил во контакт со лондонскиот клуб за да дознае дали е можен трансфер на Португалецот, пишува „The Independent“.

Сепак, тренерот на Челси, Томас Тухел, нема дадено зелено светло за реализација на овој трансфер. Викендот беше објавено дека неговата позиција била под влијание на разговорот со поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник.






Роналдо нема постигнато гол на четири натпревари во Премиер лигата оваа сезона со Манчестер јунајтед.

Португалецот најчесто натпреварите ги почнуваше од клупата за резервни играчи, а стартер беше само на средбата со Брентфорд (0:4).

Поврзани содржини