Роналдо удрил бокс во ѕидот и го фрлил дресот на Јувентус
Според „Газета дело Спорт“, Португалецот бил многу лут и нервозен кога влегол во соблекувалната.
Јувентус вчера ја победи Џенова со 3-1 во рамки на Серија А, но италијанските медиуми јавуваат дека ѕвездата на клубот, Кристијано Роналдо, бил бесен по завршувањето на натпреварот.
Според „Газета дело Спорт“, Португалецот бил многу лут и нервозен кога влегол во соблекувалната.
Удирал со тупаница во ѕид и го фрлил дресот на земја. Не е јасно зошто била нервозата кај Роналдо, кој не постигна ниту еден од трите гола за „Старата дама“.
Откако се истуширал, веднаш го напуштил стадионот без да прозбори со некој од своите соиграчи.