📷 РОНАЛДО СО ТРОГАТЕЛНА ПОРАКА Ѝ ГО ЧЕСТИТАШЕ РОДЕНДЕНОТ НА СОПРУГАТА „Среќен роденден љубов моја“

Георгина Родригез, партнерката на познатиот Кристијано Роналдо, наполни 31 година, а славниот фудбалер со емотивна порака јавно ѝ го честита роденденот.

572

Георгина Родригез, партнерката на познатиот Кристијано Роналдо, наполни 31 година, а славниот фудбалер со емотивна порака јавно ѝ го честиташе роденденот.

„На мајката, партнерката, пријателката, мојата сопруга… Среќен роденден љубов моја. Твојата светлина нè осветлува, а твојата љубов не исполнува”, напиша тој во описот на заедничката фотографија на која позираа во теретана. Георгина брзо му одговори.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)


„Те сакам многу и го сакам она што сме, кога сме заедно“, напиша таа.

Објавата на Роналдо со роденденската честитка кон Георгина за неполни 24 часа собра 9 милиони „лајкови“.

Двојката се запознала во 2016 година, кога Роналдо дошол во продавницата на Гучи во центарот на Мадрид каде Георгина била вработена.

„Се тресев цела кога го видов. Веднаш ми го привлече вниманието. Запали некаква искра во мене“, се присети таа подоцна.

Поврзани содржини