Роналдо се зацврсти на врвот на листата на стрелци во Серија А

320

Кристијано Роналдо вечерва со гол придонесе во триумфот на актуелниот италијански првак Јувентус над Рома од 2:0 во дерби натпреварот од 21 коло во Серија А.

Португалскиот напаѓач, кој вчера го прослави својот 36 роденден, беше прецизен во 13 минута, пред бразилскиот дефанзивец Ибанез со автогол во 69 минута да ја потврди победата на Јувентус.






Со вечерашниот погодок Роналдо стигна до бројката од 16 голови, предводејќи ја листата на најдобри стрелци во италијанското првенство, пред напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, кој засега има постигнато 14 голови.

Со вечерашниот триумф Јувентус ја прескокна Рома на третото место на табелата со 42 бодови, пет помалку од лидерот Интер, кој има одиграно натпревар повеќе.

Поврзани содржини