Роналдо прв во заработка од реклами на Инстаграм

Триесет и шестгодишниот португалскиот фудбалер, кој има 308 милиони следбеници на Инстаграм, може да наплати 1,6 милиони долари за една рекламна објава на својот профил, објави денеска компанијата „Hopper HQ“, која се занимава со маркетинг на социјалните мрежи.

218

Еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо се искачи на врвот според заработката од реклами на неговиот Инстаграм профил, симнувајќи го од водечкото место американскиот актер Двејн Џонсон.

Триесет и шестгодишниот португалскиот фудбалер, кој има 308 милиони следбеници на Инстаграм, може да наплати 1,6 милиони долари за една рекламна објава на својот профил, објави денеска компанијата „Hopper HQ“, која се занимава со маркетинг на социјалните мрежи.






Актерот Џонсон, познат по прекарот „The Rock“ (Карпата), може да заработи 1,52 милиони долари за една реклама на Инстаграм, на кој има 280 милиони следбеници.

На трето место е американската поп пејачка Аријана Гранде, која за една реклама на својот Инстаграм профил може да инкасира 1,51 милиони долари.

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси (224 милиони следбеници) од една реклама на својот Инстаграм профил може да заработи 1,1 милиони долари.

Поврзани содржини