РОНАЛДО ПОТПИША ЗА АЛ НАСР Ќе добива 200 милиони евра по сезона

Според оваа информација, Кристијано Роналдо ќе го има најголемиот договор во историјата на фудбалот.

639

Португалската фудбалска суперѕвезда Кристијано Роналдо потпиша договор за трансфер во клубот Ал Наср од Саудиска Арабија. Како што јавуваат тамошните медиуми, Роналдо има валиден договор до јуни 2025 година. Комплетната плата која ќе ја добива Кристијано ќе биде 200 милиони по сезона, а во оваа цифра се вклучени и бонусите од спонзорски договори.

Според оваа информација Кристијано Роналдо ќе го има најголемиот договор во историјата на фудбалот. Истовремено, Роналдо ќе игра важна улога за промоција на Саудиска Арабија како земја во светот на фудбалот и ќе игра улога во промоцијата за добивање на СП 2028, заедно со Грција и Египет.






Кристијано Роналдо досега играше само во Европа, за Спортинг Лисабон, Манчестер Јунајтед, Јувентус и Реал Мадрид. Преминувањето во Ал Наср за Роналдо веројатно значи и крај на неговата европска кариера, затоа што тешко може да се очекува по овој договор тој да се врати во некој европски клуб.

Роналдо се раздели со Манчестер Јунајтед пред почетокот на Светското првенство во Катар и од првиот момент се спомнуваше можноста за негов трансфер во Ал Наср, што вечерва доби и официјална потврда.

 

Поврзани содржини