Роналдо под истрага, можно е да плати висока казна

Доколку се докаже дека Роналдо патувал во ризичниот регион го очекува висока парична казна, наведува италијанската агенција.

524

Италијанската полиција истражува потенцијално кршење на здравствените ковид протоколи од страна на напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој наводно патувал во ризичниот регион Вале д’Аоста, на североистокот на Италија.

Локалната полиција, како што јави италијанската агенција АНСА, потврди дека во тек е истрага за дводневниот престој на Роналдо и неговата девојка Георгина Родригез, во вторникот и средата, во алпското гратче Курмајер.






Како доказ се наведуваат видеоснимки на социјалните мрежи на кои се гледа како Роналдо и Георгина седат на моторни санки, прославувајќи го 27 роденден на Родригез.

Во Италија на сила е забрана за патување во регионите кои се во „портокалова зона“ поради епидемијата на коронавирус, што ги вклучува и областите Пиемонт и Вале д’Аоста.

Доколку се докаже дека Роналдо патувал во ризичниот регион го очекува висока парична казна, наведува италијанската агенција.

Поврзани содржини