Роналдо од базен му одговори на министерот за спорт

853

Откако Кристијано Роналдо по тестот дека е позитивен на ковид-19 одлучи да се врати во Италија и карантинот да го спроведе во Торино и поради тоа наиде на критики од италијанскиот министер за спорт Винченцо Спадафори, кој изјави дека фудбалерот на Јувентус ги прекршил мерките, Португалецот не му остана должен.

– Не дозволувај тоа што не можеш да го направиш да ти стои на патот на тоа што можеш да го направиш – напиша Роналдо на Твитер со фотографија како ужива на базен.






Поврзани содржини