Роналдо не може без публика
Португалецот објави фотографија од натпреварот од 6. коло на Лигата на шампионите против Барселона (3:0). На оваа средба, тој беше двоен стрелец.
Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо призна дека му недостасувале навивачите на трибините на стадионите. На гледачите им е забрането да присуствуваат на средбите поради пандемијата на коронавирус.
„На сите ни недостасуваат навивачите на стадионите и се надеваме дека работите ќе се променат многу брзо … Но, дотогаш, претставата мора да продолжи“, напиша Роналдо на социјалните мрежи.
Португалецот објави фотографија од натпреварот од 6. коло на Лигата на шампионите против Барселона (3:0). На оваа средба, тој беше двоен стрелец.