Роналдо не е Џака, да пиеше Кока-Кола ќе играше ¼ финале, одмазда дојде и од Кока-Кола (ФОТО+ВИДЕО)

Едно од видеата кои се највирални е тоа наречено „Одмаздата на Кока-Кола“, во кое е направена пародија на потегот на Роналдо од една од прес-конференциите на ова Европско првенство.

1,813

Швајцарија е хитот на ова ЕУРО. По изведување на пенали го елиминира актуелниот светски првак, Франција. Регуларниот дел заврши со 3-3, откако во продолженијата не падна гол, мечот беше решен по пенали, а таму улогата на трагичар му припадна на Килијан Мбапе. Неговиот удар од белата точка го одбрани Сомер.

 






Во центарот на вниманието се најде Гранит Џака. Тој е хит на социјалните мрежи. Пред изведувањето на пенал серијата извади шише Кока-Кола. Секако по овој потег, сите фатија сеир на Кристијано Роналдо, кој на стартот на ЕУРО го тргна овој пијалок и порача дека треба да се консумира само вода.

 

Сеирот отиде до таму, што имаше и такви наслови дека Роналдо требало да пие Кола-Кола, ќе беше во четвртфиналето.

 

Елиминацијата на Кристијано Роналдо донесе многу реакции кај фудбалската јавност, посебно кај фановите на кои Португалецот не им е фудбалски миленик.

Едно од видеата кои се највирални е тоа наречено „Одмаздата на Кока-Кола“, во кое е направена пародија на потегот на Роналдо од една од прес-конференциите на ова Европско првенство.

Големата фудбалска ѕвезда започна нов тренд откако ги тргна шишињата Кока-Кола од пред себе, а сега во новото видео дојде време за одмазда на „противникот“.

 

Поврзани содржини