📷 РОНАЛДО И ЏОРЏИНА СО ДЕЦАТА ЛЕТУВАА ВО ПАЛАТА НА ВОДА! Еве како изгледа луксузот од 6 милиони евра
Англиски „The Sun“ објави дека „палатата на вода“ на Роналдо чинела околу шест милиони евра, што е вистинска ситница за Португалецот, бидејќи во Саудиска Арабија заработува 200 милиони евра годишно. Напаѓачот решил да купи јахта за да не мора да плаќа неделна рента од 250.000 евра. Со оглед на тоа колку време минува на јахтата, инвестицијата веќе се исплатеше.
Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо по Европското првенство реши со својата јахта да замине на крстарење на Црвеното Море. Бродот го купи лани за шест милиони евра, што со оглед на неговата плата е вистинска „ситница“.
Роналдо (39) со неговата партнерка Џорџина во објавите на Инстаграм покажаа како се релаксираат на луксузната јахта.
View this post on Instagram
Тие објави бројни фотографии од својот одмор. Фудбалерот на Ал Наср никогаш не бил срамежлив да го покаже богатството што го собрал во текот на богатата кариера, но овој пат тој го стави своето семејство во прв план. Со него се и неговата девојка Џорџина Родригез (30) и пет деца. Објавата за неколку часа собра повеќе од седум милиони лајкови, а играчот под фотографијата само напиша „My life“.
View this post on Instagram
Англиски „The Sun“ објави дека „палатата на вода“ на Роналдо чинела околу шест милиони евра, што е вистинска ситница за Португалецот, бидејќи во Саудиска Арабија заработува 200 милиони евра годишно. Напаѓачот решил да купи јахта за да не мора да плаќа неделна рента од 250.000 евра. Со оглед на тоа колку време минува на јахтата, инвестицијата веќе се исплатеше.
View this post on Instagram
Роналдо е без конкуренција најплатениот фудбалер на денешницата. Покрај астрономската плата, договорите со спонзори и модни брендови му носат доплнителни милиони евра месечно. Тој дојде во Саудиска Арабија зимата 2023 година и веднаш стана фудбалски амбасадор на земјата. Португалецот беше првата ѕвезда што пристигна на Блискиот Исток, а неговото доаѓање предизвика бран од европски ѕвезди кои му се придружија.
View this post on Instagram
Крајот на оваа сезона Португалецот нема да го памети со задоволство. На ЕП беше елиминиран од Франција во четврт-финалето по изведување пенали. Напаѓачот не беше на посакуваното ниво, а посебно го критикуваа португалските медиуми кои го прогласија за тежина за репрезентацијата. Тоа го поткрепува и неславната статистика со која без голови и со една асистенција го заврши настапот на ЕП. Но, тоа не го поколеба, па веќе најави дека едвај го чека Светското првенство во 2026 година, каде со Португалија ќе се обиде да го освои единствениот голем трофеј што му недостига во кариерата.
View this post on Instagram