РОНАЛДО И ГЕОРГИНА ЌЕ СЕ ВЕНЧААТ ВО РОДНОТО МЕСТО НА ФУДБАЛЕРОТ Прво светски куп и трофеј, а после свадба
Ѕвездата на „Ал-Наср“ наводно, за венчавката ја избрал катедралата во Фуншал, додека свадбената прослава ќе продолжи во еден од луксузните хотели на островот. Секако, сето тоа ќе се случува откако ќе заврши светскиот куп во фудбал.
По девет години врска, Кристијано Роналдо и неговата свршеница Георгина Родригез ја планираат својата свадба, а познатиот фудбалер избра посебно место за таа пригода.
Двојката, која се сврши во август, ќе го каже своето последно „да“ на родниот остров на Роналдо, Мадеира, а церемонијата е закажана за ова лето по Светското првенство, објави „Сан“.
Ѕвездата на „Ал-Наср“ наводно, за венчавката ја избрал катедралата во Фуншал, додека свадбената прослава ќе продолжи во еден од луксузните хотели на островот.
Изборот на Фуншал за Роналдо има длабоко лично значење. Катедралата е на помалку од три километри од болницата каде што е роден и недалеку од стадионот на неговиот младински клуб, Национал да Мадеира.
Легендата на Реал Мадрид помина две години таму пред, на 12-годишна возраст, во 1997 година, да се приклучи на Спортинг Лисабон.