Роналдо го продава омилениот дрес за да помогне на болно девојче од Белград

Тој одлучи да го стави на аукција својот омилен дрес кој го носеше на натпреварот против Милан во ноември 2018 година кога на својот Јувентус му донесе победа од 2:0.

427

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо, се приклучи во хуманитарната акција за помош на болното девојче Софија Маркуљевиќ од Белград.

Тој одлучи да го стави на аукција својот омилен дрес кој го носеше на натпреварот против Милан во ноември 2018 година кога на својот Јувентус му донесе победа од 2:0.






Парите од продажбата на дресот се наменети за лекување на Софија, инаку 10-месечно бебе кое боледува од спинална мускулна атрофија – прогресивна и смртоносна неуромускуларна болест.

Почетната цена на дресот изнесува 4.590 евра, а неговата моментална цена изнесува 4.690 евра. Аукцијата ќе трае уште 24 дена и можете да ја следите на сајтот кој исклучиво се занимава со хуманитарни акции – unitedcharity.de.

Поврзани содржини