РОНАЛДО ГО ПРИЗНА ПОРАЗОТ ОД СРБИЈА Португалија сепак ќе стигне до Светското првенство
„Вчерашниот пораз беше тежок, но недоволен да нѐ одведе на погрешен пат. Нашата цел е да стигнеме до Светското првенство и знаеме што треба да направиме за ова. Нема оправдувања“, порача Кристијано Роналдо по мечот со Србија.
Напаѓачот на Португалија, Кристијано Роналдо го коментираше поразот од Србија (1:2) во мечот од 10-то коло на квалификацискиот турнир за Светското првенство 2022 година, јавува МИА.
– Фудбалот постојано ни покажува дека понекогаш најтешките патеки водат до најпосакуваните резултати. Вчерашниот пораз беше тежок, но недоволен да нѐ одведе на погрешен пат. Нашата цел е да стигнеме до Светското првенство и знаеме што треба да направиме за ова. Нема оправдувања. Португалија ќе оди во Катар – порачува Роналдо.
Португалија заврши на второто место во групата во квалификациите и ќе игра во баражот за Светското првенство во Катар.
Србија како првопласирана обезбеди директно учество на Мундијалот 2022.