Роналдо го отвора еден од најлуксузните хотели: Погледнете на што потрошил 13 милиони евра ФОТО

1,572

Кристијано Роналдо има вкупно три хотели во негова сопственост, а на 7 јуни му се отвора еден од најлуксузните. Станува збор за хотелот Пестана КР7 Гран Виа Мадрид во Мадрид, во кој се вложени 13 милиони евра.

Овој хотел има 168 луксузни соби и десет спрата. Гостите ќе имаат на располагање апсолутно сѐ што посакаат.






Деветтиот кат ќе биде отворен за сите и тука сите ќе можат да ги испробуваат специјалитетите на хотелот. Покрај тоа, на тој кат ќе има и спортски бар.

Ова е трет хотел на Роналдо и прв надвор од Португалија. Освен во Мадрид, sвездата на Јувентус има хотели и во Фунчал и Лисабон.

Фотографии од внатрешноста на хотелот може да се најдат на профилот на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pestana CR7 (@pestanacr7)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини