Роналдо: Фризурата од 2002 ми беше катастрофа, им се извинувам на сите мајки во светот

Пред полуфиналето со Турција, имав повреда и ги прашав соиграчите дали им се допаѓа фризурата, сите ми рекоа дека е катастрофа, но барем се зборуваше за тоа, а не за мојата повреда, рече Роналдо.

702

Цели 19 години поминаа откако Бразил за последен пат беше светски шампион, но Роналдо не се гордее со фризурата „шофершајбна“ што ја имаше тогаш.

Тој беше прва ѕвезда на тоа Светско првенство кое се одржа во Јужна Кореја и Јапонија, даде 8 гола, а многу деца низ светот си направија таква фризура.






– Пред полуфиналето со Турција, имав повреда и ги прашав соиграчите дали им се допаѓа фризурата, сите ми рекоа дека е катастрофа, но барем се зборуваше за тоа, а не за мојата повреда. Беше ужасна таа фризура. Им се извинувам на сите мајки чии деца си направија исти такви фризури – изјави Роналдо.

Поврзани содржини