Роналдо ќе потпише нов договор со Јувентус

292

Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо ќе го продолжи договорот со Јувентус, што му истекува во јуни 2022 година, објавија италијанските медиуми.

Според истите извори, раководството на италијанскиот првак ќе му понуди на Роналдо продолжување на соработката најмалку за уште една година.






Преговорите за продолжување на соработката ќе почнат наскоро и се очекува да резултираат со договор, бидејќи и самиот Роналдо има желба да остане кај „Старата дама“ и се чувствува одлично во Торино.

Поврзани содржини