РОНАЛДО ДОБИЛ ПОВИК ОД МАДРИД Португалецот го напушта Ал Наср и се враќа во Реал?

Според медиумите, Португалецот не може да се прилагоди на новата култура, не може да го совлада арапскиот јазик, а очигледно му пречи и тоа што повеќе не е во центарот на вниманието.

1,838

Очигледно не се покажа баш како најдобра одлуката на Кристијано Роналдо да го соблече дресот на Јувентус и да потпише за клубот Ал Наср во Саудиска Арабија.

Како што пишуваат шпанските медиуми, португалската фудбалска ѕвезда наводно планира да си замине од Ал Наср и повторно да се врати во Реал Мадрид, но овојпат не како играч.






Според медиумите, Португалецот не може да се прилагоди на новата култура, не може да го совлада арапскиот јазик, а очигледно му пречи и тоа што повеќе не е во центарот на вниманието.

Според весникот El Nacional, претседателот на клубот Флорентино Перес му дал гаранција на Роналдо дека нема да му недостига работа на Сантјаго Бернабеу.

„Очигледно е дека не би се вратил таму како играч, тоа е круг кој се смета за затворен. На Роналдо ќе му биде понудена функцијата клупски амбасадор или некоја улога во организационата шема на клубот“, објави весникот.

Поврзани содржини