Интересен инцидент фатија камерите на „Еспорте Интеративо“ за време на синоќешниот натпревар помеѓу Португалија и Хрватска во Лигата на нации, кој заврши со победа на шампионот на турнирот од 4:1. Големата sвезда на „морнарите“ Кристијано Роналдо го изгледа дуелот од трибините поради инфекција на ногата.
За разлика од другите луѓе околу него, тој не носеше маска. Службеничка на стадион го забележа тоа и отиде да го замоли да стави маска. Фудбалерот го стори тоа веднаш, но подоцна стана јасно дека ја држи под брадата.
Senhor Ronaldo, por favor, coloque a máscara 😷😂 pic.twitter.com/VLq7XYTO87
— Arthur Quezada (@ArthurQuezada) September 5, 2020