Роналдо: Борбата против расизмот не е борба за црнците, тоа е борба за сите
Роналдо, кој е двократен светски шампион и добитник на „Златна топка“ од 1997 и 2002 година, учествуваше во кампањата на ФИФА „Сите заедно против расизмот“.
Поранешниот најдобар фудбалер на светот, Бразилецот Роналдо, ја истакна важноста на борбата против расизмот во фудбалот.
Роналдо, кој е двократен светски шампион и добитник на „Златна топка“ од 1997 и 2002 година, учествуваше во кампањата на ФИФА „Сите заедно против расизмот“.
– Мило ми е што сум дел од кампањата. Борбата против расизмот не е борба за црнците, тоа е борба за сите. Никој не е роден расист. Ние мора да се бориме со луѓе за кои е предодредено да бидат расистички. Ова е заедничка борба. Имаме силен глас и треба да го искористиме. Задоволен сум што учествував во кампањата против расизмот. Ние мора да продолжиме да се бориме секој ден – изјави Роналдо.
Борбата против расизмот се интензивираше по убиството на Џорџ Флојд во САД од страна на полициски службеник.