Роналдо јаде шестпати дневно, а главно јадење му е сабјарка

Кристијано Роналдо се држи само до едно исто мени сите овие години, а дневно јаде по шест оброци, од кои двапати ручек и двапати вечера, еднаш појадок и еднаш ужинка.

646

Познато е дека еден од најдобрите фудбалери на светот, Кристијано Роналдо, живее под строг режим кој очигледно му овозможува дури и во четвртата деценија од животот да биде на врвот.

Како што пишуваат португалските медиуми, Кристијано е голем фанатик на тренинзите, а и покрај тоа што има 35 години, сепак, тој има тело на 20-годишник. Неговото тело содржи само 7 проценти масти, додека просекот кај професионалните фудбалери изнесува 10 проценти. Уште еден интересен факт е тоа што дури 50 проценти од неговата маса се мускули, а просекот кај другите фудбалери изнесува 46 проценти.






Се прашувате како му успева тоа? Многу едноставно. Кристијано Роналдо се држи само до едно исто мени сите овие години, а дневно јаде по шест оброци, од кои двапати ручек и двапати вечера, еднаш појадок и еднаш ужинка.

За појадок јаде шунка и посно сирење, а за ужинка јаде тост со авокадо или некое овошје. За првиот ручек јаде пилешко месо и салата, а за вториот ручек јаде риба сабјарка, туна или бакалар со јајца, салата и маслинки. За првата вечера јаде месо со зеленчук, а за втората вечера повторно јаде сабјарка со салата.

Тој никогаш не пие газирани пијалаци, не јаде црвено месо или замрзната храна.

Поврзани содржини