Роналдо ја напушта „старата дама“?
Причините за можното заминување на 35-годишниот Португалец не се познати.
Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, може да го напушти тимот на крајот на сезоната.Ова го објави на Твитер новинарот Пјетро Балзано Прота.
Причините за можното заминување на 35-годишниот Португалец не се познати.
Оваа сезона Роналдо одигра 32 натпревари, во кои постигна 25 голови и направи 9 асистенции. Тој се пресели од Реал Мадрид во Јувентус во 2018 година.
„Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 60 милиони евра.