РОНАЛДИЊО ПАК ЌЕ ЗАГЛАВИ ВО ЗАТВОР? На својата поранешна девојка не сакал да ѝ плаќа по 15.000 евра месечно
Адвокатот на Коељо потврдил дека „дошло време да се плати“, посочувајќи дека судот во Бразил утврдил дека Роналдињо треба да плаќа околу 15.000 евра месечно откако Присила го тужела дека тој живеел со неа во вонбрачна заедница и дека планирал во исто време да се ожени со извесна Баеатрис Соуса.
Легендарниот бразилски поранешен фудбалер Роналдињо би можел повторно да се најде зад решетки поради тоа што не плаќал алиментација на својата поранешна девојка Присила Коељо, објавија бразилските медими, кои додаваат дека фудбалерот морал да го исплати долгот до 1 декември годинава за да избегне одземање на имотот и затворска казна.
Адвокатот на Коељо потврдил дека „дошло време да се плати“, посочувајќи дека судот во Бразил утврдил дека Роналдињо треба да плаќа околу 15.000 евра месечно откако Присила го тужела дека тој живеел со неа во вонбрачна заедница и дека планирал во исто време да се ожени со извесна Баеатрис Соуса.
Роналдињо во 2018 година ги отфрли обвинувањата и тврдеше дека не планирал да се ожени со никого.
– Тоа е голема лага. Сите зборуваат за тоа, но не е точно. Воопшто не планирав да се женам – изјави тогаш фудбалерот.
Сепак, судот застана на страната на Коељо и го осуди Роналдињо за водење двоен живот, со тоа што му наложи секој месец да исплаќа по 15.000 евра на сметката на Присила.
Но, Бразилецот не плаќал ништо, па доколку до 1 декември не ги подмири долговите, тоа значи дека ќе го загуби имотот што го поседува и дека ќе мора повторно да влезе во затвор.
Бразилската фудбалска легенда веќе неколку месеци помина во затвор во Парагвај поради фалсификување лични документи.