📽 РОНАЛДИЊО МУ ИСПРАТИ ПОРАКА НА ВУЧИЌ Српската јавност е поделена во врска со Експо 2027

Роналдињо беше врвен фудбалер, еден од најголемите досега. Но, банкротираше поради коцкање, кокаин и баханалии. Сега живее од продавање на своето име. Така беше ангажиран на ЕКСПО 2027 за десет илјади евра, гласи еден коментар на социјалните мрежи.

297

Легендарниот Бразилец Роналдињо одговори на поканата од Србија и прифати да биде еден од гостите на светската изложба „Експо 2027“ што ќе се одржи во Белград.

Српските медиуми објавија кратка видео порака која Роналдињо му ја испратил на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој го покани во Белград.






„Поздрав, претседателе Вучиќ, многу ти благодарам за поканата за Експо 2027. Наскоро ќе бидеме заедно, ти испраќам голема прегратка“, вели бразилскиот фудбалер во видеото објавено на социјалните мрежи.

Дел од јавноста во Србија смета дека за Експо се вложуваат премногу пари.

„Роналдињо беше врвен фудбалер, еден од најголемите досега. Но, банкротираше поради коцкање, кокаин и баханалии. Сега живее од продавање на своето име. Така беше ангажиран на ЕКСПО 2027 за десет илјади евра. Така Вучиќ ги купува нашите пропаднати ѕвезди”, гласи еден коментар на социјалните мрежи.

 

Поврзани содржини