РОМИТЕ СЕ ВО ПОСТОЈАНА БОРБА СО СТАТИСТИКАТА „Островот на пеликаните“ ја открива тажната судбина на еден народ

Ајша и Габриел живеаат скромен, но среќен живот. Немаат многу, но имаат две здрави деца. Работат макотрпно во текот на денот за да обезбедат малку леб на масата, но затоа имаат многу љубов. И во еден момент Габриел го апси полиција и тој е осуден на максимална затворска казна. Од една страна имаме обичајно право и чиста како солза љубов, а од другата страна е законот, со кој е пропишано дека секс со лице помладо од 14 години се израмнува со силување.

302

Тешко е да исчекорите од калта, кога статистиката е против вас. Кога безмилосната математичка равенка ви ја црта на хартија траекторијата на вашиот живот, без разлика какви соништа имате и без разлика колку многу љубов чувате во срцето.

Во „Островот на пеликаните“ од Миодраг Мајиќ, несреќата која ќе се вгнезди во животите на двајца млади луѓе е резултат на статистика. Тие двајца едноставно немаат шанса во животот, само поради тоа што се Роми.






Ајша се уште не наполнила 14 години, а Габриел е полнолетен. Судбината ги спојува двајцата, кои се вљубуваат на прб поглед. И двете семејства го одобруваат нивниот брак, а државата незаинтересирано гледа на нивната врска. Само по серија неверојатни и тешко повторли настани, власта станува свесна за тоа дека Ајша е дете и дека имала сексуалнен однос со возрасен маж.

Нормално дека ваква судбина не може да се замисли доколку наместо Ајша, во слична ситуација се најдеше Ана или Анѓела. Државните апарати се најчесто слепи за своите граѓани од маргините, а најголемиот дел од Ромите живеат токму на „општествените граници“, без разлика за која земја станува збор. Ова е многу битно да сфати, бидејќи кога една група на луѓе е практично изопштена од државата, тогаш таа живее според сопствените закони. Тогаш обичајното право и традицоналните норми ги заменуваат пишаните закони, бидејќи во дадената средина нема полиција, инспектори и судии. Државата не се потрудила да завладее и меѓу луѓето кои се оставени да претураат по ѓубрето и да се издржуваат со препродажба на бакар и на старо железо, пронајдено на отпадите.

„Островот на пеликаните“ е дилема за секој образован човек, кој тежнее да живее во средено општество. Ајша и Габриел живеаат скромен, но среќен живот. Немаат многу, но имаат две здрави деца. Работат макотрпно во текот на денот за да обезбедат малку леб на масата, но затоа имаат многу љубов. И во еден момент Габриел го апси полиција и тој е осуден на максимална затворска казна. Од една страна имаме обичајно право и чиста како солза љубов, а од другата страна е законот, со кој е пропишано дека секс со лице помладо од 14 години се израмнува со силување.

Но, приказната всушност не се базира на овој податок, туку започнува на реакцијата на јавноста која е згрозена од судијата што ја води постапката, кој го ослободува Габриел од обвинение со образложение дека тој навистина не знаел дека прави нешто погрешно. Габриел живее во средина која ја оправдува неговата постапка, а тој нема никаква конекција со државата која тоа му го забранува. Токму во тој момент, случајот на Габриел станува интересен за таблоидите, кои за краток период буквално ги уништуваат животите на Ајша, на Габриел, но и на судијата.

Најинтересно од сè е тоа што авторот Миодраг Мајиќ е всушност судија во Апелацискиот суд во Белград и доктор по кривично право. Тој никогаш немал шанса да одговори на обвинувањата против него, кои произлегуваат од таблоидното новинарство во Србија. Затоа Мајиќ решил да пишува романи, со кои ќе се одбрани од нападите, но и кои ќе ја окријат нивната позадина. Зад секоја „пролиена“ солза во таблоидите, кога се во прашање Ромите или слични маргинализирани групи во земјата, се крие потребата вниманието на јавноста да се сврти од некоја афера, во која по правило се вмешани политичарите од власта.

„Островот на пеликаните“ е маестрално дело, кое со микроскопска точност го открива односот што модерните држави го имаат кон маргиналните групи. Овој роман е оргинално издаден во 2020 година, а на македонски јазик е преведен и издаден во 2021 година, во изданието „Библиотека бранови“, на издавачката куќа Антолог. Преводот од српски јазик е на Сашо Христовски.

Поврзани содржини