РОМАНСКИ АВТОБУС СЕ ПРЕВРТЕ ВО СЛОВЕНИЈА Тројца загинаа, повеќе повредени
Поради оваа сообраќајна несреќа, затворен е автопатот кон Мурска Собота, а на магистралата се создала голема колона.
Најмалку три лица загинаа, а повеќе се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утринава на Помурската магистрала во Словенија, а во која учествуваше автобус со странски регистарски таблички. Како што јавуваат словенечките медиуми, несреќата се случила на автопатот кон Марибор кога романски автобус се превртел рано утрото околу пет часот.
Поради оваа сообраќајна несреќа затворен е автопатот кон Мурска Собота, од правецот на Лендава пред клучката кај Липовци. На магистралата се создала голема колона, јави словенечката телевизија Н1
Истрагата на местото на несреќата сè уште е во тек и не е позната причината за несреќата.
Nesreča se je zgodila na pomurski avtocesti med Gančani in Mursko Soboto, v smeri Murske Sobote. V nesreči je bil udeležen avtobus romunske registracije.https://t.co/aBhBHKmmSr
— Delo (@Delo) February 3, 2023