РОКОТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИТЕ ЌЕ СЕ ПРОДОЛЖИ ЗА 5 ГОДИНИ Нема да се поднесуваат нови барања

Многу наши сограѓани со години се заглавени во лавиринтите на судски спорови за имотно-правни односи, разни постапки или претходни прашања кои не биле по нивна вина. Актуелниот закон предвидуваше рок на важност до 3 март 2026 година, што би значело дека илјадници предмети кои се во процедура би биле прекинати во фазата во која се затечени, ама ние нема да го дозволиме тоа, рече рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски.

833

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднесе предлог за измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, по скратена постапка, рече денеска пратеникот Бојан Стојановски.

– Нашата цел со овие предлог измени е јасна. Граѓаните не смеат да останат со нерешен статус на својот дом поради административни препреки или поради бавни процедури. Многу наши сограѓани со години се заглавени во лавиринтите на судски спорови за имотно-правни односи, разни постапки или претходни прашања кои не биле по нивна вина. Актуелниот закон предвидуваше рок на важност до 3 март 2026 година, што би значело дека илјадници предмети кои се во процедура би биле прекинати „по сила на закон“ во фазата во која се затечени.
Ние тоа нема да го дозволиме – рече Стојановски.






Со овој предлог го продолжуваме рокот за дополнителни 5 години, односно наместо 15, законот ќе важи вкупно 20 години – до 3 март 2031 година, додаде пратеникот.

– Овозможуваме правна сигурност за општините како надлежни органи да можат легално да ги завршат сите веќе отпочнати постапки. Оваа измена не предвидува да се поднесуваат нови барања за легализација, туку е исклучиво во служба на оние граѓани кои веќе поднеле документација и со години чекаат на својот имотен лист. Сакам да потенцирам дека оваа иницијатива доаѓа како директен одговор на барањето на Управниот одбор на ЗЕЛС и н општините кои секојдневно се соочуваат со реалните проблеми на терен – рече Стојановски.

Ова законско решение не предизвикува никакви дополнителни финансиски импликации врз Буџетот на државата и ќе стапи на сила веднаш по објавувањето во Службен весник, за да нема правен вакуум, додаде тој.

– Како пратеници, наша должност е да бидеме сервис на народот. Со оваа измена им помагаме на илјадници семејства конечно да го остварат своето право и законски да го обезбедат својот покрив над главата. Продолжуваме да работиме во интерес на сите граѓани, за стабилност и конзистентност на правниот систем – рече денеска пратеникот Бојан Стојановски.

Поврзани содржини