Пејачот Ален Исламовиќ му се придружи на првиот градоначалник на Бихаќ, Емџад Галијашевиќ во неговата „Нова иницијатива“ и обелодени почеток на политичка кариера.
Тој изјавил дека е уверен дека со својот исчекор во политичките води ќе го реши најголемиот проблем на родниот град – мигрантите.
– Немам ништо против тие луѓе, жал ми е за нив, но мораат да ги почитуваат обичаите на градот во кои дошле. Наместо тоа жителите мора да ги чуваат своите станови и куќи бидејќи тие се ноќни кралеви. Тие владеат, а народот на Бихаќ мора да се вооружен. Нашите политичари не работат ништо, наместо да ги заштитат граѓаните, внесоа неизвесност и страв во Бихаќ – изјави Исламовиќ додавајќи дека жителите три и пол години се во изолација криејќи се од мигрантите.