Дека легендарниот британски музичар, сер Род Стјуарт навистина ужива во Дубровник, Хрватска, е очигледно за време на неговите прошетки на Страдун. Со своите синови и сопругата Пени Ланкастер, со која прослави 13 години брак пред две недели, но и со поголемо друштво, тој се шетал низ Дубровник, разгледувајќи го.
А, откако повторно се вратиле во градот од мега јахтата „Ulysses“, каде што престојуваат, облечени во вечерна облека, се упатиле кон вечера. Изборот паднал на познатиот рибен ресторан, кој се наоаѓа во водичот Мишелин ѕвезди. Станува збор за ресторанот „Прото“ сместен во централниот дел на монументалното јадро на Дубровник, на пресекот на Широка улица и Варе, кој е основан уште во 1886 година.
Идната снаа на Род Стјуарт, Никол Артуковиќ, девојка на неговиот син Лиам Стјуарт, по потекло е од Хрватска, а токму младата двојка им прави друштво во Дубровник.
Род Стјуарт има осум деца со пет жени, но тој успеа да остане во добри односи со сите, а тоа го покажа кога собра дури четири од нив на една семејна прослава.