Иранскиот претседател Хасан Рохани се закани со одмазда доколку САД им направат проблем на танкерите кои превезуваат иранска нафта за Венецуела.
– Доколку нашите танкери на Карибите или каде било на друго место во светот имаат проблем поради Американците, тогаш тие, исто така, ќе бидат во проблем – истакна Рохани во телефонски разговор со катарскиот емир.
Флота од пет танкери, кои превезуваат иранска нафта за Венецуела, се приближува кон Карибите, а првиот брод се очекува утре да вплови во водите на таа земја.