РОДНИНИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ПАТНИЦИ ОД „ДУРМО ТУРС“ ТРИ ГОДИНИ ЧЕКААТ ПРАВДА Слична судбина ги очекува оштетените од „Беса Турс“?

Одговорност е предвидена само за физички лица, како што е на пример обвинетиот сопственик на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули за трагедијата кај село Ласкарци.

421

Во 2019 година 16 луѓе го загубија животот во автобуската несреќа крај с. Ласкарци, кога на автопатот Скопје-Тетово се преврте автобусот на компанијата „Дурмо турс“. Основниот кривичен суд Скопје сè уште нема донесено пресуда по овој случај, а роднините на загинатите патници ни по три години не можат да пронајдат утеха во остварената правда.

До крајот на годината, нема ни теоретска шанса да заврши ова предолго судење за кое има куриозитет дека сложената истрага и вештачењата обвинителот ги заврши за околу три месеци, објави СДК.






Во овој предмет е интересно што е обвинет сопственикот на автобускиот превозник „Дурмо турс“ чиј што автобус поради техничка неисправност се преврте на автопатот Скопје-Тетово на 13 февруари 2019 година, а не и „Дурмо турс“ како правно лице. Затоа, уште следниот ден по несреќата, автобусите на „Дурмо турс“ парадираа низ државата и си возат и до денеска, како ништо да не се случило.

Ова е така, зашто во Кривичниот законик, во делот за Сообраќајни деликти, не постои одговорност за правни лица. Како што не одговара компанијата „Дурмо турс“, нема да може да одговара ни „Беса транс“, ако евентуално се откријат неправилности во водењето на транспортната компанија, бидејќи нема кривична одговорност за фирми за деликти во сообраќајот.

Затоа немаше одговорност ни за бродски несреќи, а не би имало ни против авиокомпании, кога не дај боже, тука би се случила и авионска несреќа.

Одговорност е предвидена само за физички лица, како што е на пример обвинетиот сопственик на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули за трагедијата кај село Ласкарци.

Судењето за случајот „Ласкарци“ почна во септември 2019 година, има над 100 судски рочишта досега и не може да се одглави. Го води судијката Дијана Груевска, втор судија е судијката Александра Ристеска.

Ова судење, поточно пропустите во него, меѓу правниците важат за пример од кој може да се извлечат заклучоци „како не треба“ да се води судење и да биде повод да се направат судски реформи.

Експертската јавност се чуди дека ќе се воведува непрецизирано кривично дело безобзирно однесување во сообраќајот, а се испушта да се казнуваат правни лица, па велат дека како што не одговараше „Дурмо турс” за техничката неисправност на автобусот што се преврти, така нема да одговара при евентуална таква вина ни „Беса транс”.

Поврзани содржини