РОДНИНИТЕ ГО ПРОНАШЛЕ МРТОВ Телото на велешанец дадено на обдукција
Обдукцијата треба да ги покаже причините за смртта.
Велешката полиција потврди дека седумдесетгодишен жител на градот бил пронајден мртов во помошна просторија од својот дом.
Во пријавата до СВР Велес, испратена вчера на 8 декември, во 12:35 часот, стои дека неговото тело го пронашле роднини, по што веднаш била повикана Итната медицинска помош.
Лекар од службата, пристигнат на местото, констатирал смрт без видливи траги на насилство. Увид извршила екпиа од СВР Велес.
Обдукцијата треба да ги покаже причините за смртта.