РОДНИНИТЕ БАРААТ ИНФОРМАЦИИ ЗА ДЕЦАТА КОИ БИЛЕ ВО ДИСКОТЕКАТА На Клинички е истакнат список со повредените
Во Клиничкиот центар во Скопје е истакнат список со повредени, а голем дел се во тешка состојба.
Со фотографии и оставени телефонски броеви, во очај и тага роднини и пријатели преку социјалните мрежи ги бараат своите блиски кои вчера биле на концертот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Над 16 фотографии се објавуваат по социјалните мрежи со надеж дека некој ќе им јави во која болница се и дали се живи.
Во Клиничкиот центар во Скопје е истакнат список со повредени, а голем дел се во тешка состојба.
На концертот на ДНК во дискотеката „Пулс“ имало 1.500 посетители. Министерот за внатрешни работи информираше дека 51 лице загина, а повеќе од 100 се повредени.
Според претходни информации на МИА околу 80 од повредените се пренесени на скопските клиники. Меѓу нив има и малолтеници. На Детска хирургија се примени 4 деца.