РОДНИНАТА ГО ПРИЗНАЛ СВИРЕПОТО УБИСТВО Таткото, мајката и ќерката биле застрелани па запалени

Сопругата и малата Лидија панично врескаа, се обидоа да побегнат, па ги убив со по два куршуми. Потоа ги фрлив телата во јамата, ги полив со бензин и ги запалив - раскажал Џониќ.

3,626

Убиецот на српското семејството Ѓокиќ раскажа како го испланирал и убил братучедот Горан заедно со неговата ќерка и сопруга, пишуваат српските медиуми за истрагата на грозоморното убиство што ја потресе Србија.

Тој дал исказ дека купил пиштол со пригушувач за соселаните да не слушнат и го застанал возилото во кое бил Горан со семејството среде улица и го замолил да го однесе до местото викано „кафеаните на Дуда“ во Моравац.






– Со себе носев кофа со бензин, му кажав дека кај Морава ми остана без гориво скутерот, па отидов пешки ноќе. .. Бев на задното седиште, до Лидија, тројцата се шегуваа и се смееја, а кога стигнавме излегов од колата на Ѓокиќ, се приближив до вратата да му се заблагодарам наводно, па извадив пиштол и пукав. Сопругата и малата Лидија панично врескаа, се обидоа да побегнат, па ги убив со по два куршуми. Потоа ги фрлив телата во јамата, ги полив со бензин и ги запалив – раскажал Џониќ.

Поврзани содржини