Роднина на кралицата Елизабета осуден на 10 месеци затвор за сексуален напад ФОТО

332

Сајмон Боус-Лион, 34-годишен гроф од Страмор и роднина на британска кралица Елизабета, е осуден на 10 месеци затвор за сексуален напад.

Боус-Лион во февруари минатата година нападнал жена во една спална соба во шкотскиот замок Гламис. Тој минатата година побарал и стручна помош, а одвај дочекал да ја признае својата вина пред судот, како што тврди грофот.






„Се извинувам, пред сè, на жената што ја нападнав, но исто така и на семејството, пријателите и колегите на кои им направив проблеми. Пиев премногу алкохол таа вечер, но тоа никогаш и никако не може и може да биде оправдување за моето однесување – рекол тој.

„Не мислев дека некогаш би можел да се однесувам така, но се однесував и морам да се соочам со последиците и да преземам одговорност“, изјави Боус-Лион за „Мирор“.

 

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини