РОДНИНА БАКНУВАЛ И ДОПИРАЛ 9-ГОДИШНО ДЕТЕ Скопјанка пријавила недолично однесување врз нејзината ќерка

39-годишна жена од скопско пријавила дека нивни роднина недолично се однесувал кон нејзината деветгодишна ќерка. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

217

39-годишна жена од скопско пријавила во полиција дека нејзината деветгодишна ќерка била жртва на недолично однесување од нивни роднина, информираа од Министерство за внатрешни работи.

Според пријавата, на 19 февруари 2026 година во семејниот дом, роднината ја допирал и бакнувал малолетничката. Случајот бил пријавен на 26 февруари во 18:30 часот во СВР Скопје.






Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Надлежните институции работат на утврдување на сите околности поврзани со случајот.

Поврзани содржини