Родман открива како го запознал Ким Џонг Ун: Се појавија 18 девојки и цела вечер ја правеа истата работа
Американскиот кошаркар Денис Родман и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, не кријат дека се во исклучително добри односи, а до нивното познанство наводно дошло на иницијатива на Ким, кој има голема страст кон кошарката, НБА лигата и Чикаго Булс.
– Тоа е врска за цел живот. Сè почна една вечер со неколку шишиња вотка, со караоке – изјавил Родман, кој ја прифатил понудата која Мајкл Џордан ја одбил и отпатувал за Северна Кореја, земјата која не е во најдобри односи со САД.
– Мислев дека ќе се фотографирам, ќе делам автограми и ќе играм кошарка. Не знаев ништо за Северна Кореја. Му реков на мојот агент: „Ќе одиме таму доколку ми е гарантирана сигурност“. Ми беше прекрасно од првиот момент, кога слегов од авионот и застанав на црвениот тепих – додал контроверзниот Родман.
Петкратниот НБА шампион се сеќава на необичната ситуација, при еден натпревар:
– Повеќе од 22.000 Севернокорејци станаа и почнаа да ракоплескаат. Јас им возвраќав на поздравите, а некој ми вели: „Не, тоа не е за тебе, тоа е за него“. Покажа на Ким Џонг Ун. Го прашав: „Кој е тој?“, рече: „Нашиот лидер“ – рекол Родман.
По натпреварот Ким Џонг Ун лично го повикал Родман на вечера, караоке и вотка.
– Вечеравме и пиевме како луди. Тогаш тој почна да пее караоке и немам поим што кажа. Сите почнаа да ракоплескаат, а потоа излезе бенд со 18 млади девојки. Беа прекрасни, но свиреа само една песна цела вечер – изјавил Родман.
Родман се смета за делумно заслужен и за историската средба на Доналд Трамп и Ким Џонг Ун, која беше одржана на почетокот на минатата година, а претседателот на САД јавно му се заблагодари на тоа.