РОДИТЕЛИТЕ ЗАБРЗАНО ГИ НАДОМЕСТУВААТ ПРОПУШТЕНИТЕ ВАКЦИНИ КАЈ ДЕЦАТА Без вакцина, нема градинка

Од утрово до 11 часот вакциниравме околу 60 дечиња. Ако бројките на дневно ниво вообичаено ни се меѓу 20 и 30, денеска бројката ни е двојно поголема. Тука е нели стравот на родителите, но и мерката за забрана во градинките за невакцинираните, изјави Сања Цилевска Младеновска, доктор педијатар.

280

Зголемен е интересот за вакцинирање по зголемениот број случаи со голема кашлица, информираа денеска во Вакциналниот пункт „Букурешт“ во Скопје. Тие најавија двосменско работење и работа в сабота.

Оттаму наведуваат дека по зголемениот број случаи со голема кашлица, од утрово е зголемен бројот на пациентите. Пред сѐ, пациенти – дечиња постари од 3 години, кои ги пропуштиле дозите од редовна вакцина, според календарот за вакцинација.






– Од утрово до 11 часот вакциниравме околу 60 дечиња. Ако бројките на дневно ниво вообичаено ни се меѓу 20 и 30, денеска бројката ни е двојно поголема. Тука е нели стравот на родителите, но и мерката за забрана во градинките за невакцинираните – изјави Сања Цилевска Младеновска, доктор педијатар.

Доктор Бети Гелејчевска Илковска појасни дека пред да ги вакцинираат децата, родителите најчесто прашуваат зошто се примаат вакцините во толку рана возраст, кој е производителот на вакцините, а и кои се несаканите реакции од примената вакцина.

Силвана Миркоска, главна сестра, информираше дека штотуку ги добиле насоките од Министерството за здравство – започнување со работа во две смени и работа во сабота. 

Поврзани содржини