РОДИТЕЛИТЕ ОЧАЈНИ, ЌЕРКИТЕ ИМ ГИ НЕМА Два дена полицијата трага по 12-годишната Аниса и 15-годишната Мелиса

Двата случаи вчера ги пријавиле татковците на девојчињата. Според информациите од МВР, 15-годишното девојче досега повеќепати го напуштала домот и била враќана назад.

1,673

Ниту трага, ниту глас веќе два дена од 12-годишната Аниса Ајро и 15-годишната Мелиса К. од Скопје кои се исчезнати, родителите се очајни, а полицијата трага по нив.

Двата случаи вчера ги пријавиле татковците на девојчињата. Според информациите од МВР, 15-годишното девојче досега повеќепати го напуштала домот и била враќана назад.






– На 30.03.2023 во Полициска станица Бит Пазар во 20.30 часот Е.А.(38) пријавил дека се оддалечила неговата ќерка А.А.(12), а околу 22.00 часот Ѓ.О.(39) пријавил дека се оддалечила неговата ќерка М.К.(15). М.К. и претходно во повеќе наврати се оддалечувала од домот и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата – соопшти МВР.

Претходно пишувавме дека втор ден се трага по 12-годишната Аниса Ајро, ученичка во седмооделение. Нејзиниот татко Енгин во очај раскажува дека последен пат ја видел вчера наутро пред работа кога таа заминала на училиште. Девојче од училиштето, две години постаро од Аниса ја повикало и оттогаш на Аниса ѝ се губи трагот.

ВТОР ДЕН ПОТРАГА ПО 12-ГОДИШНАТА АНИСА Девојче од класот ја викнало и оттогаш ѝ се губи трагата!

Поврзани содржини