РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО „ПУЛС“ ГО МЕНУВААТ ПРИСТАПОТ Нема секојдневни блокади, но маршевите продолжуваат секоја сабота

Родителите на загинатите деца во пожарот во „Пулс“ велат дека нема да се откажат од борбата за вистината и најавуваат дека ќе ги продолжат Маршевите за правда до завршување на судскиот процес.

1,157

Родителите на трагично загинатите во дискотеката „Плус“ информираа дека секојдневните блокади привремено ќе бидат прекинати, но Маршевите за правда ќе продолжат секоја сабота, како симбол на нивната упорност и борба за вистината.

Причината за ваквиот чекор е што денеска беше закажана главната расправа за трагедијата во кочанската дискотека „ПУЛС“, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, ќе започне на 19 ноември во 9:30 часот, во судницата при КПУ „Идризово“, соопшти денеска Основниот кривичен суд – Скопје.






„Ние, родителите и семејствата на починатите деца, соопштуваме дека со големо внимание ќе го следиме судскиот процес, со единствена цел – да се открие вистината и да се обезбеди правдата за младите животи што беа изгубени во трагедијата што засекогаш го промени нашето општество“, стои во соопштението на семејствата.

Тие порачаа дека очекуваат институциите да ја покажат својата човечност и совест.

„Очекуваме фер, транспарентен и непристрасен процес, во кој секој што има одговорност ќе ја понесе. Нашата болка е вечна, но нашата борба е и за сите идни генерации – никогаш повеќе да не се повтори ваква трагедија“, додаваат родителите.

Семејствата апелираат до јавноста и медиумите да го следат процесот со внимание, бидејќи, како што велат, ова не е само судење за еден пожар, туку и „судење за човечноста, совеста и одговорноста“.

Поврзани содржини