Родителите на кавадаречки, децата на англиски!

Феноменот „не си ги разбирам децата, зборуваат англиски“, го потврдува и логопед Симона Василеска Николовска од логопедскиот кабинет „Среќичка“: „Во периодот кога се очекува појавата на првите зборови, наместо сино, детето вели blue, наместо топка, вели ball. Детето не го разбира јазикот што го зборува околината и настанува проблем. Но, родителите не го препознаваат проблемот, напротив, горди се дека нивното дете зборува англиски

825

Син ми ме прашува како некој англиски збор да го преведе на македонски!

Го читам ова деновиве на интернет и не ми се верува. Станува збор за деца од македонски семејства кои живеат во Македонија. Најчудно од сè е што повеќето родители, кога зборуваат на оваа тема едноставно не можат да ја потиснат гордоста заради тоа што нивните деца комуницираат со нив на перфектен англиски.






Феноменот „детето подобро ми зборува англиски од македонски“, е сè почест, исто како и феноменот „не си го разбирам детето, ми зборува на англиски“.

Темата ја зачна нашата пријателка Катерина Василеска, мајка, и една од основачките на Genuine Experiences (онлајн платформа која нуди автентични туристички доживувања од пограничниот регион на Македонија и Албанија).

„Последнава година“, вели таа, „забележав еден, за мене чуден феномен. И тоа во десетина различни прилики, кај сосема различни фамилии. Деца родени во Македонија, во македонски фамилии зборуваат англиски како мајчин и претпочитаат да зборуваат на англиски. Кога зборуваат македонски, тоа е со англиски акцент како да живееле надвор од Македонија. Дали тоа се случува со децата кои учат во приватните училишта на англиски или нешто друго? Мене лично ме загрижува. Не ми е јасно како може некој кој е роден и живее во македонска фамилија да зборува послабо македонски од англиски, а македонскиот да му е со англиски акцент. Или можеби со најдобра намера, спремајќи ги децата за живејачка надвор, родителите некако го форсираат англискиот по дома“, се прашува Катерина.

Побарајте го целиот текст на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabay

Поврзани содржини