РОДИТЕЛИТЕ НА ДЕЦАТА ОД „ЊЕГОШ“ НА ПРОТЕСТ Патот кон Драчево в сабота 1 час ќе биде блокиран

Министерот за образование Шаќири ја започнал постапката за одземање на ингеренциите на Општина Гази Баба врз училиштето „Његош“, како и за разрешување на директорката, со образложение дека не организирале формирање на уште една паралелка на албански јазик.

214

Иницијативниот одбор на родители на ученици од ООУ „Његош“ од Јурумлери, во знак на незадоволство од одлуката на министерот за образование и наука Јетон Шакири за одземање на надлежностите на Општина Газа Баба за училиштето, закажа граѓански протест кој ќе се одржи утре, 18 ноември (сабота) од 11 до 12 часот.

Протестот ќе биде со блокирање на регионалниот пат на раскрсницата во населено место Јурумлери кон Драчево (кај бензинската пумпа).






Родителите велат дека ова е општ сенароден мирен протест, на кој секој може да даде поддршка на сите родители чии деца учат во ООУ „Његош“ и секој е поканет да им се приклучи.

Министерот за образование Шаќири ја започнал постапката за одземање на ингеренциите на Општина Гази Баба врз училиштето „Његош“, како и за разрешување на директорката, со образложение дека не организирале формирање на уште една паралелка на албански јазик.

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, вели дека одлуките на Шаќири се без законска основа.

Родителите на децата Македонци и градоначалникот велат дека директорката одлично ја извршува својата работа, но дека училиштето има просторен проблем и дека нема услови за уште една паралелка. Градоначалникот вели дека токму поради просторниот проблем иницирал до Владата изградба на училишен објект во Идризово.

ПРВО БОЈКОТ НА НАСТАВАТА, ПОСЛЕ БЛОКАДА НА ПАТОТ, ПА СО ШАТОРИ ПРЕД ВЛАДА! Кулминира револтот во ОУ „Његош“ во Јурумлери

Поврзани содржини