РОДИТЕЛИТЕ НА АКТЕРОТ ДВА ПАТИ СЕ ВЕНЧАВАЛЕ И РАЗВЕДУВАЛЕ Милош Биковиќ проговори за болната тема

1,960

Српскиот актер Милош Биковиќ (33) е еден од најпознатите актери во регионот, а малку е познато дека има необична животна приказна.

Биковиќ потекнува од нетипично семејство бидејќи неговите родители двапати се венчавале и разведувале.






Тој и неговиот 16 години постар брат, кој е игумен на манастирот, се родени во два брака од исти родители.

Се затекнал, како што вели тој, во тоа, кога се родил – неговите родители веќе биле разведени по вторпат. Дури подоцна, кога пораснал, „сфати колку е тоа бизарно“.

– Мислам, нивната некоја желба и потреба, тие навистина се сакаа, но не умееја еден со друг. Тоа е лекција за мене, дека човек треба да научи да постои со личноста што ја сака, дека тоа е проект, дека тоа значи да се работи на тоа, тоа е одрекување – рекол Биковиќ во емисијата „Во својот филм“.

Биковиќ веќе сними 12 филмови и десет сезони на различни серии во Русија. Тоа му донесе статус на вистинска sвезда во Русија.

ФОТО: Инстаграм

 

 

 

Поврзани содржини