РОДИТЕЛИТЕ БАРААТ ПЕЧАТЕНИ УЧЕБНИЦИ Предупредувачки бојкот на наставата во тетовско

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ е иницијатор на денешниот предупредувачки бојкот на наставата.

281

Предупредувачки бојкот на наставата во четврто одделение  се одржа денеска во основното училиште „7 Март“ во Милетино, Општина Брвеница. Родителите се незадоволни  што учениците не добиле печатени учебници  и ќе треба да учат од дигитални учебници како што е предвидено со новиот концепт на настава за четврто одделение.

– Никој не е против дигитализацијата во наставата, но бараме тоа да биде помошно средство. За објаснување. Книгата да биде главно средство за наставата. Учебник е учебник. Образованието е бесплатно за сите, а ваму сме приморани да печатиме учебници. Немаат сите можности ниту да печатат учебници ниту да купуваат таблети или други уреди за следење на наставата  изјави Ненад Ѓорѓески, родител и член на училишниот одбор во ОУ „7 Март“ во Милетино.






Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ е иницијатор на денешниот предупредувачки бојкот на наставата.

 

Поврзани содржини